Huawei сега може да произведува базни станици за 5G мрежи без употреба на компоненти од САД, според основачот на компанијата и извршен директор Рен Женфеи.

Покрај тоа, кинескиот производител планира барем двојно да ја зголеми продажбата на 5G базни станици следната година. Huawei се очекува да испорача 600.000 станици оваа година, а до 2020 година, бројот ќе се зголеми на околу 1,5 милиони.

Huawei е најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема. Но, во мај оваа година, САД ја ставија компанијата на „црна листа“ и забрани на американските производители да ги снабдуваат со производи и услуги на Huawei. Оправдувањето беше дека опремата на Huawei може да биде користена од Пекинг за шпионажа.