Пријава за патент, која ја поднесе Microsoft до World Intellectual Property Organization (WIPO), би можела да води кон потенки Type Cover додатоци за идните Surface Pro модели. Type Cover е опрема која служи како заштита за таблет, но истовремено имплементира и QWERTY тастатура и тракпад за да се олесни пишувањето и навигацијата.
Со овој патент, Microsoft планира да ја премести плочата за тастатура и тракпад директно на Type Cover, што на компанијата би и овозможило да дизајнира потенка верзија на додатокот. Споменатата измени би можела да се имплементира навреме за објавата на редизајнираниот Surface Pro таблет во 2019. година.
Постојат гласини за тоа дека Microsoft планира да го промени изгледот на уредот следната година, за да вклучи USB-C порт, потенки рамки и заоблени рабови, како што е тоа случај кај Surface Go уредот.