Samsung би можел да создаде слушалки, слични на Apple Airpods, кои ќе го имаат интегрираниот Bixby паметен асистент. Како што известува Etnews, слушалките би можеле да се појават следниот месец заедно со Galaxy Note 8 и ќе ја поседуваат технологијата на спречување врева од опкружувањето.

Претходно се споменуваше дека Samsung работи и на Bixby звучник, но информациите сугерираат дека компанијата се откажала од овој проект.

Според наводите на официјалните лица на јужнокорејската компанија, слушалките со Bixby интеграција се уште не се финален производ, така што е можно да не се појават во скоро време. Компанијата исто така мора доста да работи на својот виртуелен асистент, за да го направи пофункционален отколку што е тоа случај во овој момент.