Викендов МКЦ беше преполно со највлијателните и најпознатите твитерџии и блогери, а собрани со една цел: да ги прогласат и наградат оние најдосетливите, најзабавните и највлијателните твитови кои на позитивен начин ја брануваа Твитер заедницата во годината која изминува.

Македонски Телеком препознавајќи ја оваа церемонија како блиска до себе и како настан кој афирмира позитивни примери го поддржа и оваа година неговото шесто издание.

„Велат некои работи стануваат здодевни кога ќе прераснат во обврска. Веќе никој не зборува дали ќе има #твитернагради сега веќе од година во година е прашање само кога и каде ќе се одржат. И иако навидум изгледа на крајно „несериозен“ настан сепак во позадина мора да признам дека има сериозни подготовки секоја година и заради тоа мора да им се заблагодарам на сите во тимот на #твитернагради што овозможуваат овој настан од година во година да биде местото каде ќе се собере „кремот“ на интернет просторот. Ова кремот не е џабе во наводници. И сега ако ме праша некој дали оваа обврска ми стана здодевна? Нормално дека не. И се радувам дека и оваа година ќе имаме одличен настан кој се враќа во просториите на Кино Фросина во МКЦ. Спонзорите повторно излегоа во пресрет и помогнаа повторно овој настан да се случи и ќе речам дека имавме вистинско шоу на 16ти декември во сабота“ – изјави Јован Димитров, главен организатор на оваа церемонија.

Годинава најдобрите беа наградени во 30 различни категории. Во изминатиот период за нив можеа да гласаат сите кои имаат свој блог или твитер профил.

Листа на победници на #твитернагради 2017:
Најспортски твитерџија @Vlatko_Werder
Најдобар дизајнер @0majgad
Најанима френдли твитерџија @Boychenn
Најдуховит твитерџија @Muarko
Најдобар сајт на Твитер @Zlatna_Kniga
Најбогат твитерџија @Zoran_Zaev
Најдобар BURN @strezovski
Најромантичен на тајмлајн @Xpoznat
Најкомпанија / организација на Твитер @SportLifeBet
Најтаг на 2017 #РетвитниОброк
Твитерџија кој оваа година најмногу напреднал @Shisharka_
Најдобар Инстаграм на Твитер @ref
Најдобат диџеј на тајмлајн @DJGoce
Најдобар аватар @el_megunogovic
Најдобар твитерџија кој почнал во 2017 @Vajldy
Кампања на годината Мирко Попов за директор
Најдобра твитерџика @DajMuNaChovekot
Твитерџија кој е најкорисен и кој е вистинска вредност @JasnaKoteska
Твитерџија со најдобро селфи на 2017 @LepotanSmotan
Риплај на годината @Dr_Koljo
Твит на годината @LeCaffeine

Политичар на годината @VlatkoVasilj
#третасмена @TheTetka
Најактивен од дијаспората @MedoDimoski
Блог на годината i999y. blogspot.mk
Најјак на фејсбук Павле Трајанов / mojo.mk
Најдобар влогер (јутуб канал) Фчерашни Новости
Најдобра аппликација Мој Воздух
Највлијателен твитерџија @Mile_Panika
Кратка рецензија by Cineplexx @legovski

Во продолжение можете да ги проследите најважните и највозбудливите моменти кои твитерџиите ги споделија на сцената, во фоајето и меѓу публиката: