Покриен со розова нијанса, овој лаптоп е претставен во вистинско време, бидејќи навистина претставува совршен подарок за дама за Денот на вљубените.

Покрај неговиот розов екстериер, лаптопот ги содржи речиси сите перформанси и спецификации кои веќе ги видовме на црниот модел Blade Stealth. Тој располага со 13,3 инчен Full HD дисплеј, придвижуван од Core i7-8565U процесор од осмата генерација, графичка картичка Nvidia GeForce MX150, 16 GB DDR4-2133 меморија, PCIe M.2 solid state драјв од 265 GB и батерија од 53.1Wh. Новиот Blade Stealth лесно преминува на работа со дискретна и интегрирана UHD графика од 620 GPU, која вообичаено доаѓа со 60% потенок рам.

Коментирајќи го овој лаптоп, извршниот директор на Razer, Мин-Лианг Там, изјави: „Овој Ден за вљубените, радоста на гејмингот ја прославуваме на поинаков начин. Новиот Blade Stealth е нашиот најмоќен лаптоп досега, и дизајниран е за игри и работа“.

Новиот лаптоп чини 1.600 долари, а ќе биде достапен за продажба во ограничен временски период.

Извор: Luxlife.rs