Компанијата Twitter Inc. соопшти денеска дека го суспендирала профилот за лажно претставување на рускиот претседател Владимир Путин на оваа социјална платформа.

“Го суспендиравме налогот @putinRF_eng поради лажно претставување, а врз основа на приговори од руски официјални лица”, соопшти Twitter и додаде дека споменатиот профил нема никаква врска со Путин, пренесува Ројтерс.

Врз основа на архивираните фотографии од тој профил, се гледа дека е покренат во ноември, 2012. година и дека имал околу милион следбеници, како и дека воглавно објавувал официјални линкови на руската влада за случувањата на кои се појавувал Путин.