Група сајбер криминалци, шестмина од Русија и двајца од Казахстан, украле реклами од веб-страницата Pornhub и со нив ги заразиле компјутерите на посетителите на тој сајт со помош на малвер програма, предизвикиувајќи штета од над 29 милиони долари.

Рекламите, кои никогаш не биле видени, а кои требало да бидат пласирани на интернет, хакерите ги складирале на компјутерите на посетителите на глобално најголемиот сајт “за возрасни”.

Тие, потоа, за рекламите земале пари од клиентите, а никогаш никаде не ги објавија, туку со помош на мрежа од 89 компјутерски сервери и 31 интернет домени, ги лажирале нивните прикази, пишува Sky News.

Руските и казахстански хакери, користејќи хакирани “pop-up” прозорци, барале од посетителите на PornHub на своите компјутери да инсталираат Adobe Flash апдејт, за да можат да продолжат со посета на сајтот. Наместо тоа, преземаниот фајл од компјутерите на жртвите би го стартувал скриениот процес на “кликање” на реклами, кои криминалците ги “хостирале” на лажни интернет сајтови.

“Pop-up” прозорците, всушност биле само параван за лажна клик кампања, а хакерите со собраните кликови на клиентите им ги правдале наплатените пари, а рекламите никогаш не биле видливи за никого.

Измамата ја откри компанијата Proofpoint, која нејзиното функционирање му го објасни на FBI, врз основа на што е покрената истрага и откриен е идентитетот на сајбер криминалците.