– За да го прослават објавувањето на Huawei Mate 20 Pro и да ја покажат моќната вештачка интелигенција на паметниот телефон, заеднички тим на уметници се здружи за да преземе возбудлив предизвик: да го фатат звукот на светлината. Проектот ја поврзува технологијата и уметноста за да го трансформира фасцинантниот природен феномен, Northern Lights, во нешто сосема ново – звук на светлечка симфонија.

Sound of Light беше долга соработка која траеше со месеци, која ги тестираше ограничувањата за тоа како луѓето да ја користат вештачката интелигенција за да читаат слики и да создаваат нови звуци. На соработниците им беше дадена задача да ги освојат Nothern lights на Норвешка и да го научат вградениот систем на вештачка интелигенција, кој работи на Huawei Mate 20 Pro, да ги препознае нивните главни карактеристики и да ги претвори во музички елементи.Овие оригинални парчиња звук потоа ќе требаа да помогнат да се состави симфонија во соработка со Huawei Mate 20 Pro.

Патување од првичното снимање на Northern Lights до финален перформанс

На отворените полиња под ноќното небо на Тромсо, Норвешка, на местото на снимањето на Northern Lightsбеше Кјетил Скогли.По завршувањето на снимањето на Кјетил, снимката беше испратена во звучни лаборатории каде наградуваниот композитор Марк Сајфрит работеше со индивидуалниот систем на вештачка интелигенцијана Huawei Mate 20 Pro за да создаде симфонија базирана на Northern Lights.

Конечно, откако беа составени музичките дела, тие беа споделени со Џејмс Ширман, еден од најдобрите диригенти и композитори во светот, кој потоа ја организираше оркестарската изведба на симфонијата Sound of Light во познатата сала Брамс во Виена.

Улогата на Huawei Mate 20 Pro во Sound of Light

За да се реализира Sound of Light потребни се моќни уреди. Huawei Mate 20 Pro се покажа како совршен соработник за овој проект, користејќи ги своите карактеристики за да го поддржи вградениот систем на вештачка интелигенција и целокупниот проект. Целото патување ги користеше можностите на вештачката интелигенција на Huawei Mate 20 Pro како инспирација за поместување на границите на очекувањата. А како почеток на целиот процес инженерите мораа да создадат уникатен систем на вешачка интелигенција кој ќе анализираразлични карактеристики на светлината, за да можат истите потоа да се преточат во звук.

Настан во живо во Виена – вечер на вештачка интелигенција, музика и Nothern light

Nothern lights на аудио-визуелната вештачка интелигенција во живо се случи на 28 ноември во салата Брамсво Виена, Австрија. Со присуство на над 300 гледачи, неверојатниот звук наNothern Lights беше изведен од Џејмс Ширман и од Синхронистичкиот оркестар.

На настанот во живо беа поканети новинари и други специјални гости пред кои беше изведена специјалната Sound of Light изведба организирана од Huawei.  Вечерта го вклучи и филмот„Genesis“ зад сцената кој го прикажува патувањето од небото до сцената и кулминираше со изведбата на заедничкиот проект во живо.