Кинеските научници ја проценуваат можноста за реализација на проектот за испраќање вселенски летала до работ на Сончевиот систем, изјави Ву Вејрен, главен дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината.

Според проектот, кинеското вселенско летало би поминало околу 100 пати поголемо растојание од тоа помеѓу Сонцето и Земјата до 2049 година, кога Кина ќе ја прослави својата 100-годишнина од основањето, изјави Ву за магазинот „China Space News“.

Според агенцијата Ксинхуа, растојанието помеѓу Сонцето и Земјата се нарекува астрономска единица и е околу 150 милиони километри.

Кинеската медиумска група (CMG) известува дека целта на проектот е да се спроведат научни истражувања и експерименти на работ на Сончевиот систем, оддалечен околу 15 милијарди километри од Земјата.

„Доколку проектот може да се спроведе, тоа ќе биде придонес на Кина кон светот и човештвото. Кинеската вселенска индустрија има сила да ја постигне оваа цел “, рече Ву.

Извор: Al Jazeera