Утквиагвик е град кој во неделата го доживеа своето последно изгрејсонце и зајдисонце за годинава. Жителите на овој град на Аљаска влегоа во ,,мрачно доба” – нема да го видат сонцето во наредните 2 месеци.

Градот со околу 4.000 луѓе го започнува својот 65-дневен период на темнина, познат како поларна ноќ. Поларната ноќ е вообичаен термин во места каде што нема изгрејсонце повеќе од 24 часа, вели метеорологот Џадсон Џонс.

,,Ова се случува секоја година”, рече Џонс. ,,Ако живеете над Арктичкиот круг, ќе има ден кога сонцето нема да изгрева до крајот на зимата. Добрата вест е што тоа ќе се врати, а потоа нема да заоѓа во текот на летото. Иако Утквиагвик не е единствениот град во Аљаска кој го доживува овој феномен, тој е прв на листата на поларни ноќи локации поради тоа што се наоѓа на север.

Околу еден до два месеца, жителите на Кактовик, Поинт Хоуп и Анактувук Пас исто така ќе бидат без сонце. Нивните последни зајдисонца ќе се случат помеѓу крајот на ноември и почетокот на декември, според CNN. Сонцето повторно ќе го видат на 23 јануари 2019 година.