Најголемата машина на светот во следните години ќе биде изградена во Кина, а како и нејзиниот претходник, ќе се занимава со физиката на субатомски честички.

Најголемиот научен експеримент и воедно најголема машина на светот, Големиот хадронски судирач на честички (LHC) во швајцарскиот CERN, во следните години би требало својата титула да ја предаде на новиот кинески уред со слична намена. Кинезите минатата недела ги открија плановите за изградба на кружен судирач на честички од новата генерација, Circular Electron Positron Collider (CEPC).

Намерата на кинеските научници е да продолжат и да ги унапредат истражувањата во доменот на физиката на честички, но на поголеми енергии од оние кои моментно се постигнуваат во LHC. CEPS би требало да има кружен тунел за забрзување на честички со дијаметар поголем од 32 километри (LHC meri 26,7 km) и опсег преку 100 километри, додека вкупната сила би можела да биде и до пет пати поголема од онаа која ја постигнува LHC.

Изградбата на подземниот тунел би требало да почне во 2022. година, а доколку се помине според планот, Кина би можела да го пушти во функција најголемиот судирач на честички во 2030. година. Првите седум години би требало да се занимава исклучиво со генерирање на Хигсовите бозони, а потоа би тргнал во сферите на повисоки енергии. По 10 години, CEFC би требало да биде пензиониран, а на неговото место, во исиот тунел, би требало да почне изградбата на новиот уред – Super Proton Proton Collider – кој веројатни ќе може да ги искористи и технологиите кои ќе се појават до 2040. година.