Промоцијата е важечка до 31.12.2018 година и вклучува 5 години гаранција за “UHD“ и “QLED“ Samsung ТВ уредите од 2018 година и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“ за сите “QLED“ ТВ модели

 Со цел да им овозможи на своите корисници уште поголема сигурност и уживање во гледањето на содржини преку ТВ уредите, компанијата Samsung подготви нов “бран“ промотивни активности. Во период од 1 oктомври до 31 декември 2018 година, сите оние кои ќе купат Samsung “UHD“ или “QLED“  ТВ уред од N серијата од 2018 година ќе добијат 5 години гаранција.

Исто така, покрај оваа гаранција, Samsung овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“ (“burn-in“ ефект) за сите “QLED“ ТВ модели.

За да може да ја искористат оваа поволност, корисниците треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mk на која може да ја погледнат и листата на уреди опфатени со оваа промоција. За дополнителни информации сите заинтересирани може да се јават во Центарот за грижа за корисници на Самсунг на телефонскиот број: (+389) 23 207 777.

Компанијата Samsung повеќе од 13 години е светски лидер во производството на ТВ уреди, благодарение на исклучителниот квалитет на сликата, одличниот контраст како и напредните можности на СМАРТ ТВ платформата, за кои компанијата е наградена со голем број признанија од медиумите.