LetsGoDigital открил нов патент на LG кој прикажува како би изгледал идниот смартфон или таблет на компанијата со склоплив дисплеј.

Овој концепт покажува дводелен уред кој е поврзан со некој вид флексибилен или ликвиден екран со прилагодлива должина. Пред извесно време, компанијата покажа прототип на дисплеј кој се собира, а за време на CES се очекува да видиме и телевизор на таков принцип.

Илустрациите покажуваат компактни уреди кои може да се држат со една или две раце. Прикажаниот екран може да пренесен различни информации, во зависност од нивото на одвивање. Екранот може да работи и во целосно истегната и полуотворена состојба.