Градските власти на Букурешт соопштија дека граѓаните ќе можат да се вклучат на бесплатен безжичен интернет на јавните простори со помош на програмата WiFi4EU.

Луѓето што живеат во Букурешт ќе имаат слободен пристап до Wi-Fi на јавни простори, како што се паркови, јавни пазари, јавни згради, библиотеки, музеи…

Романскиот главен град во февруари доби неповратни средства во износ од 15.000 евра за инсталирање Wi-Fi мрежа во јавните простори. Властите ќе мора само да ги регулираат трошоците поврзани за претплата.

Мрежите нема да имаат комерцијални огласи и нема комерцијално да ги користат личните податоци.