Според информациите на германскиот сајт WinFuture, HMD Global во моментов развива нов предводник, чие име е Nokia A1 Plus. Уредот се споменува многупати во документите на компанијата, а во различни текстови неговите имиња се A1P, AOP и A1 Plus Euro. Производството повторно ќе му биде доверено на FIH Mobile (Foxconn), а процесорот ќе биде Snapdragon 845.

Nokia A1 Plus ќе има вграден сензор за отпечатоци, што автоматски значи дека панелот ќе биде OLED. Според документите, снабдувачот на екранот ќе биде LG Display. Првично, компанијата наиде на тешкотии при вградување на сензорот за отпечатоци, но ги надмина со намалување на дебелината на безбедносното стакло.

Паметниот телефон, кој има некоја поврзаност и со Nokia 8 Sirocco, се развива од јануари и првично беше закажан за промоција во текот на летото. Сепак, поради проблемите со производството, ќе се забави и ќе се појави во втората половина на годината. HMD Global се очекува да го објави или за време на IFA во Берлин или на посебен настан во голем европски град.