Руската технолошка компанија “Hoversurf” соопшти дека летaчките мотори “Hoverbike S3 2019” се подготвени за производство и веќе резервациите се отворени.

Моторите кои што имаат околу 115 килограми, лебдат со помош на четири големи пропелери. “Hoverbike S3” може да понесе возрасен возач на пет метри над земјата со брзина до 96 километри на час, од 10 до 25 минути, во зависност од тежината и временските услови.

Полицијата во Дубаи веќе го користи летечкиот мотор како дел од иницијативата градот во иднина се претвори во „паметен град“.

Како што соопштија од руската компанија, летечкиот мотор “Hoverbike S3” е креиран од јаглеородни влакна со користење на најразлични технологии, а ергономијата на пилотското седиште е подобрена во новиот модел со цел на возачот да му се овозможи удобно седење на било која висина.

“Hoverbike S3” исто така ја добил и новата хибридна литиум-манган-никелова батерија која ќе им овозможи на возачите да летаат 40 минути во „режим на дрон“.

Безбедносните функции на “Hoverbike S3” вклучуваат автоматски стабилизатори, автоматско полетување и автоматско слетување. Покрај тоа, летечкиот мотор е опремен и со систем за електронска безбедност кој што вклучува итно слетување, звучен и визуелен систем за предупредување и проекција против пречки.

Заинтересираните можат да го нарачаат “Hoverbike S3” за 150 илјади долари, а испораката ќе биде извршена за два до шест месеци. Од “Hoversurf” бараат и уплаќање на депозит од 10 илјади долари за резервација.