Конзолата Nintendo Switch ужива многу голема популарност, но опциите за видео стриминг се ограничени на услугата Hulu, објави „Engadget“.

Изгледа дека ова многу ќе се промени ако информациите што се цитираат во објавата се покажат како точни. Google се подготвува да понуди апликација на YouTube за конзолата, која може да се појави на 8-ми ноември.

Појавата на таква апликација е сосема логична со оглед на популарноста на конзолата, а исто така и на видео платформата.