DJI е водечки бренд кога се во прашање дроновите со камера, меѓутоа мал е бројот на компаниите кои камерите ги поставиле на дронови, кои одат по земја, а оваа компанија изгледа дека оди баш во тој правец. DJI поднесе барање за патент за мало off-road возило со камера која има стабилизација и снима во било кој правец.

Патент на кинеската компанија претставува возило со прилично сериозен изглед на платформа со дебели гуми и држач за камера. Како што може да се види на сликата погоре, камерата е поставена така да спречува шок од пружини и пневматици, кои без сомнение би правеле проблем при нагли движења. Фотографијата не е едноставна скица како некои кои ги објавуваат компаниите – ова изгледа како вистински уред. Тоа не значи дека наскоро или воопшто ќе биде во продажба , но значи дека инженерите посветиле сериозно време проектирајќи го овој производ.

Сепак, пред ова, добро би било дроновите кои летаат малку да ги усовршат. На прво место батеријата, која кај најдобрите модели издржува околу половина час.