1. Откријте го точниот датум на испраќање на пораката
Во групните разговори сината боја ќе се појави само кога сите ќе ја прочитаат пораката, а вие можете да проверите кога е прочитана пораката. Ако имате Android, одете на пораката која сте ја испратиле и изберете ја опцијата Info. На iOS повлечете со прстот на лево и ќе ги видите информациите за читањето, кој прочитал, кому му е испратена пораката и кога е прочитана истата.
2. „Замолчете“ ги иритирачките групни разговори (засекогаш или привремено)
Групните разговори навистина можат многу често да бидат многу напорни, особено кога сите ќе почнат да пишуваат. За да ги „замолчите“, односно стишaте, одете до разговорот и притиснете на групниот разговор и потоа на неговото име. Таму ќе можете да ги исклучите потсетниците за примените пораки на осум часа, една недела или на една година.
3. Решете го проблемот со прочитаните пораки
Ако поради некоја причина прочитате примена порака и не одговорите во разумен рок, вашиот соговорник би можел да помисли дека го игнорирате. Олеснете си го животот и исклучете ги оние сини обележувачи кои ве издаваат дека сте ја прочитале пораката.
Во подесувањата одберете ја онаа за сигурност на профилот, односно Account > Privacy и таму исклучете ја функцијата во Read Receipts.
Ако сакате да бидете уште потаинствени, кога ќе примите порака вклучете го авионскиот решим, влезете во апликацијата и прочитајте ја пораката. Откако ќе го направите тоа, излезете од апликацијата, исклучете го авионскиот режим и пораката ќе изгледа како да не е прочитана.
4. Станете многу таинствени
Ако контактите ви одат на нерви затоа што постојано ве прашуваат каде сте, секогаш можете да добиете малку дополнителна приватност со префрлање на функцијата „виден последен пат“ во инкогнито режим. Опцијата е сместена во менито за приватност, под ставката Last seen. Таму можете да изберете дали ќе се криете од сите или само од одредени контакти.
5. Одберете кој интернет ќе го трошите
Ако имате iOS, одете во Settings > Data and Storage Usage и таму можете да го изберете начинот на кој ги користите и располагате со фајловите. Одберете Wi-Fi ако не сакате да трошите од мобилниот интернет откако ќе излезете од дома, или, пак, едноставно одете во ставката за автоматско преземање и префрлете ја на never, односно никогаш. Истото можете да го направите и со снимањето на фотографиите на уредот. Постапката е слична и за Android.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли