Иако оригинално се очекуваше телефонот да биде претставен под името Honor 8A, кинеската компанија се одлучи за Honor Play 8A. За телефонот претходно дознавме некои информации, преку TENAA спецификацијата и протечените детали кои следуваа.

Телефонот има една камера на задната страна (13MP, f/1.8, PDAF), додека од предната страна се наоѓа 8MP, f/2.0 сензор. Телефонот има 6.09-инчен IPS дисплеј со 1560 x 720p резолуција и засек во облик на капка. Уредот го покренува MediaTek 12nm Helio P35 MT6765 чипсет (осум Cortex-A53 јадра @2.3Ghz, PowerVR GE8320 GPU). Присутно е и 3 GB RAM и избор помеѓу 32GB или 64GB простор на складирање проширлив преку microSD картичка.

Батеријата на Honor Play 8A е со капацитет од 3020mAh, со поддршка за брзо полнење, додека оперативниот систем е Android 9 Pie со EMUI 9.0 интерфејс. Цената на телефонот изнесува помеѓу 119 и 129 долари, а ќе почне да се испорачува од 8. јануари.