Откако е официјализирана Galaxy S10 серијата, време е да почнат да се појавуваат дојави и гласини за следниот премиум смартфон на Samsung, кој се очекува за околу пет месеци. Индустриските извори укажуваат на тоа дека јужнокорејската компанија подготвува помал Galaxy Note 10, кој би можел да биде ексклузивен за пазарот на Европа.

Секако се работи за необична стратегија, доколку гласините се покажат како точни. Galaxy Note линијата секогаш ја дефинирале две работи: голем екран и поддршка за S Pen пенкалцето. Исто така, Note линијата со секоја генерација за зголемуваше својата големина.

Според инсајдерски извори, Galaxy S10 5G е главен виновник за ваквиот развој на ситуацијата. Со 6,7-инчен екран, Galaxy Note 10 е приморан да биде или поголем или да ја задржи истата големина. Секако, не е секој љубител на големи телефони, посебно ако пристигнат во големина од 6,9 инчи.

Изворот не ја споменува конкретната големина на претстојниот Galaxy Note, но се сугерира дека оваа помала верзија на Note би можела да биде ексклузивна за Европа. Меѓутоа, и покрај помалата големина, Note 10 ќе биде доволно голем во него да може да се уфрли S Pen.