Mozilla објави неколку подобрувања кои се фокусирани на приватноста и безбедноста на пакетот на производи на Firefox, почнувајќи од прелистувачите. Новите корисници ќе имаат нова функција, наречена “подобрена заштита за следење”, која е вклучена стандардно. Ова значи дека познатите надворешни колачиња за следење ќе бидат блокирани по дифолт.

Постоечките корисници ќе ја добијат оваа опција во наредните месеци, и тие во моментов може да ја вклучат рачно. Функцијата може да се стартува од поставката за блокирање содржина со избирање на опцијата “Прилагодувања” и потоа означување на полето “Колачиња”.
firefox2_5.jpg
За оние кои се загрижени за нивната приватност, сè уште има добри вести. Facebook Container екстензијата е ажурирана. Функцијата која го блокира Facebook следењето на корисници на други сајтови, со новите ажурирања ќе ја блокира социјалната мрежа, доколку се обиде да ги следи корисниците на сајтови кои користат функции за споделување преку социјалните мрежи.

Најавено е и дека Firefox Lockbox сега се нарекува Firefox Lockwise. Покрај тоа што е достапен за iPhone, iPad и Android, услугата сега е достапна како продолжеток за десктоп верзијата на Firefox.