Многумина сметаа дека Face ID е иднината на iPhone уредите, кога Apple ја имплементираше оваа функција наместо Touch ID. Меѓутоа, во последно време има се повеќе гласини за тоа дека Apple се уште не се откажува од Touch ID. Сега новиот извештај на познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека враќањето на технологијата ќе го видиме во 2021. година.

Според извештајот на Куо, враќањето на Touch ID функцијата нема да значи дека Face ID ќе биде отстранет. Двата сигурносни система се очекуваат во тандем, со што на корисниците ќе им се пружи избор телефонот да го отклучуваат со лице или отпечаток од прст.

Touch ID системот ќе биде од нов тип, а се очекува дека Apple конечно ќе имплементира сензор за отпечатоци од прсти под екранот на iPhone. Останува да се види дали и на кој начин Apple ќе успее своето решение да го направи поинакво од она што другите компании веќе го нудат на ова поле.