Подбрендот на Xiaomi, Redmi полека го проширува своето портфолио. Компанијата неодамна ги претстави Redmi Band и Redmi TV, а сега протечена информација открива дека не очекува и Redmi Pad 5G таблет.

Постерот го прикажува предниот дизајн на таблетот, како и некои спецификации на уредот. Големината на дисплејот не е позната, но би можела да изнесува осум инчи. Таблет уредот има тенки рамки од страните, додека горната и долната рамка се нешто подебели. Предната камера е видлива во горната рамка.

Постерот споменува некои главни функции на таблетот, а тоа се Snapdragon 765G процеосор, 90Hz освежување на дисплејот и поддршка за dual-mode 5G конекција.

Redmi Pad 5G ќе биде опремен и со специјално дизајнирана MIUI верзија на корисничкиот интерфејс за таблет уреди. На задната страна се очекува 48MP AI камера, а присутни се и вкупно четири звучници. Батеријата на таблетот не е спомената, но се знае дека ќе има поддршка за 30W брзо полнење.

На крајот, постерот ја открива и цената, а се сугерира дека Redmi Pad 5G ќе чини 282 долари.