Познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо објави уште еден извештај кој се базира на информациите од синџирот на снабдување. Според информациите, Apple ќе се префрли на новата и модифицирана технологија за антена Pi, која значително е поинаква од оние кои компанијата моментно ги користи.

Актуелните модели на iPhone користат LCP (liquid crystal polymer) антени, кои имаат одредени лимити. Проблемите со производство на LCP антени креираат проблеми кај целуларниот пренос на високите фреквенции, додека модифицираните Pi модели би ги подобриле перформансите и би ја намалиле цената на производство. Меѓутоа, кога самата 4G LTE конекција е во прашање, корисниците нема да забележат големи разлики.

Меѓутоа, и покрај споменатите подобрувања, Куо верува дека трошоците на производство ќе пораснат за 10 до 20 проценти на годишно ниво, а причина за ова се надградбите на ултра-широкопојасната мрежа. Ова ќе има и значајно влијание на навигацијата во затворено за новите iPhone уреди.

Ова не е прв пат Минг-Чи Куо да дава вакви наводи, со тоа што овој пат се поддржани од информациите кои пристигнуваат од синџирот на снабдување на Apple.