Иако Енди Рубин и неговата компанија Essential не успеаја да го раздрмаат пазарот со помош на првата генерација на Essential Phone, соосновачот на Android не заврши со креирањето на мобилни уреди. Следниот телефон на Essential повторно ќе проба да се вмеша на конкуренсткиот пазар на телефони, овој пат со помош на вештачката интелигенција.
Според инсајдерските извори на Bloomberg, идниот уред на Essential ќе има мал екран и примарно ќе биде контролиран со гласовни команди. Во најголем дел, гласовните команди нема да бидат опционални на телефонот, туку обврзни, но не е во целост јасно за кои специфични задачи ќе се користи. Гласовниот внес ќе биде комбиниран со AI технологијата на Essential.
Телефонот ќе биде во состојба автоматски да одговара на текстуалните пораки и мејловите. Изворите не ги истакнаа деталите за тоа како сето ова ќе работи, но се сугерира дека ова би можеле да бидат паметните одговори, кои се автоматизирани и му ја претставуваат листата опции на корисникот.
Останува да се види како ќе заврши овој проект и дали ќе биде поуспешен од Essential Phone.
Извор: Benchmark.rs