Ако може да им се верува на гласините кои што кружат на интернет веќе подолго време, Microsoft оваа година има прилично големи хардверски планови.

Покрај тоа што е познато дека оваа година речиси сигурно ќе биде претставен хибридниот уред „Андромеда“ кој ќе биде носив уред на преклопување веројатно со флексибилен екран, од Microsoft се подготвуваат за претставување на нов модел на Surface таблет но со многу пониска цена – уред со кој што оваа компанија директно ќе го нападне iPad.

Цената на овој Surface таблет би требало да се движи околу 400 долари, ќе има екран со дијагонала од 10 инчи, 4 GB RAM меморија и 64, односно 128 GB интерна меморија. Што се однесува до процесорот, може да се очекува дека овој таблет ќе биде опремен со Pentium Silver N5000 и Pentium Gold Y серијата, додека оперативниот систем на кој што ќе работи секако ќе биде Windows 10.

Од Microsoft наводно развивале и нова дополнителна тастатура која што ќе се продава покрај овој уред, а и тастатурата би требало да биде ценовно поповолна во однос на досегашните решенија на компанијата.

Според гласините, новиот евтин модел на Surface би требало да биде за 20 проценти полесен во однос на Surface Pro, ќе има нешто послаба батерија, а покрај верзијата само со поддршка за Wi-Fi, од Мајкрософт би требало да претстават и таблет со LTE поддршка кој ќе биде малку поскап.

Со оглед на тоа што новиот Surface ќе пристигне со послаб процесор, јасно е дека неговата намена ќе биде пред се за училиштата и студентите на кои што најважно им е пишувањето, сурфањето, уживањето во мултимедиската содржина и слично.

Извор: Zimo.hr