Google на својот годишен настан не зборуваше за слушалките Pixel Buds, но сега во својата понуда повторно ги смести новите USB-C слушалки.

Компанијата не ги спомена нити овие слушалки на својот настан, но тие се појавија на нивната веб страница, посветена на најнови производи. Слушалките чинат 30 долари и веќе се достапни за потрошувачки.

Важно е да е напомене дека тие имаат ист механизам како и Pixel Buds, и можат да се прилагодат на секое уво. Дел од слушалките е и копчето кое што може да се користи за активирање на Google Assistant, потоа за слушање на нотификациите, како и за употреба на Google Translate.