Во последните два месеци проблемот со ширењето на лажни вести во услугата WhatsApp во Индија стекна ужасни димензии со уште пострашни последици.

Откако индиската влада ја критикуваше остро платформата за „нејзината улога“ во линчовите кои завршија со смрт на 12 лица, од WhatsApp веќе бараат надворешна помош – тие нудат надоместоци, кои достигнуваат до 50.000 долари, на луѓе кои ќе го проучуваат начинот на работа на платформата и ќе нудат ефективни начини за справување со лажни вести.

Иницијативата ќе разгледува претпоставки и предлози во врска со начинот на кој се појавуваат и шират лажните вести, нп и како да бидат запрени. Ќе се бараат и начини за пресретнувањето и откривањето на профили,кои шират проблематична или нелегална содржина – а во исто време самата содржина треба да остане заштитена поради својата „end-to-end“ енкрипција.

Самите WhatsApp нема да обезбедуваат никакви лични или чувствителни податоци на студии. При наоѓање на ефикасно решение, сумата ќе биде исплатена не кон човекот, кој работел на него, туку кон организацијата или компанијата за која тој работи.