Кинеската компанија Oppo минатата година ги лансираше Realme смартфоните кои постигнаа голем успех, а сега на пазарот пристигнува и третата генерација Realme уреди со уште подобри спецификации и достапна цена.

Realme 3 е прв уред на компанијата Oppo во 2019. година. Овој телефон има LCD екран од 6,22 инчи, кој е отпорен на вода.

Дисплејот со резолуција од 720 пиксели нема да ги воодушеви техноманите, овој екран одлично и служи на намената, посебно ако се земе во предвид ниската цена.

Realme 3 верзија од 3 GB RAM чини само 125 долари, додека купувачите за дополнителен гигабајт RAM меморија ќе треба да доплатат 30 долари.

Камерата е поставена вертикално во аголот на уредот, има 13 мегапиксели, а секундарниот сензор има два мегапиксела. Камерата поддржува и Nightscape mode.

Realme 3 го покренува процесор MediaTel Helio P70, а уредот има 32 GB интерна меморија и батерија од 4.230 mAh.