Најновата надградба на мобилната апликација на Whatsapp ја отклучува можноста за испраќање на било какви фајлови. Досега во апликацијата можеа да се испраќаат само PDF фајлови. Споделените дајлови се ограничени до 100 MB, но iOS корисниците ќе можат да испраќаат малку поголеми фајлови.

WhatsApp исто така ќе престане да ги компресира вашите фотографии, што ќе овозможи тие да одат кај примателот со оригиналниот квалитет.

Исто така на новата верзија е овозможено да се селектираат слики и видеа директно од екранот на камерата. Таа и ќе ги групира фотографиите што ги праќате на еден примател во албум.

Ажурираната верзија наскоро ќе биде достапна за преземање и за Андроид и за iPhone.

Во комбинација со десктоп и веб апликации, WhatsApp стана моќна и лесна апликација што може да се користи во малите компании како метод за комуникација меѓу вработените, покрај основната употреба за контактирање со пријателите.

Меѓутоа, експертот за безбедност на софтвер Нејтан Фрејтас смета дека постои ризик дека оваа верзија на апликацијата би можело да се користи за ширење вируси, но нагласи дека нема таква опасност за корисниците на iOS.