Корисниците се известени дека по 10. март сите податоци кои ги објавиле ќе бидат избришани, но дека ќе можат да ги преземат на својот компјутер

Facebook настана како студентски проект кој прерасна во најголемата социјална мрежа во светот, но кога Facebook посака да се врати на своите корени и да направи социјална мрежа наменета само за студенти, тоа и не му успеа.

Од Facebook објавија дека ќе ја згаснат својата социјална мрежа Campus, која стартуваше есента 2000 година. Станува збор за социјална мрежа во рамките на Facebook, која беше отворена само за луѓето со мејл адреса на факултет. Беше замислена како приватна мрежа на која студентите ќе можат да разменуваат информации со други студенти, да добиваат информации од факултет, но и да се забавуваат. Но, Campus не ги исполни очекувањата на Facebook и ќе биде изгасен на 10 март.

Facebook ги извести корисниците на Campus со порака дека после 10. март сите нивни профили, објави и други податоци на Campus ќе бидат избришани. Корисниците кои сакаат ќе можат да ги преземат своите податоци на нивните компјутери.

„Откако ја стартувавме Campus како пилот програма, нашата мисија беше да ја зближиме заедницата. Но, сфативме дека најдобро е да го направиме тоа преку групите на Facebook“ се вели во пораката.

Во текот на пилот програмата беа вклучени 204 американски факултети, кои сега се известени за гаснењето на мрежата. Од Facebook никогаш официјално не објавија колку корисници има Campus, но изгледа дека немаше доволно за да се оправда постоењето на мрежата.

Извор: Zimo.hr