Американскиот производител на чипсети за мобилни уреди Qualcomm објави дека нивните Snapdragon процесори ќе поддржуваат камери со резолуција до 192 мегапиксели.

Меѓу чиповите на кои се однесува ова унапредување наведени се Snapdragon 855, 845, 710, 675 i 670.

Најновите подобрувања на спецификациите на чиповите сега нудат засебна поддршка кога се во прашање поединечните и дуални камери.

Qualcomm, исто така, наведе дека унапредените карактеристики на Snapdragon 660 чипсетот подразбираат и поддршка за камери со сензор со резолуција до 48 мегапиксели.

Токму тоа е случај со новите модели на подбрендот на кинескиот Xiaomi – Redmi Note 7, потсетува XDA Developers.

Новите подобрувања на чиповите на Qualcomm посебно се интересни за програмерите, кои работат на проектите како што се Google Camera апликациите.