Иако се соочува со голема конкуренција на пазарот на дигитални асистенти, Microsoft продолжува да ја поддржува Cortana и ја вклучува нејзината поддршка на речиси секој уред и апликација. Иако компанијата се уште не објави нови планови за Cortana, постојат најави дека асистентот на компанијата ќе добие нови карактеристики.

Наводно, Cortana наскоро ќе нуди една корисна функција – поддршка за повеќе корисници. Новата карактеристика веќе се појави за некои Xbox и Harman Kardon Invoke корисници, а пошироката достапност се очекува наскоро.

Новата опција ќе им овозможи на корисниците да ја истренираат Cortana да го препознае нивниот глас, како и гласовите до пет луѓе. Тоа значи дека до шест различни луѓе нема да имаат проблеми да го користат истиот уред со Cortana асистентот.

Другите дигитални асистенти, како што се Amazon Alexa и Google Assistant нудат поддршка за повеќе корисници веќе некое време, така што потегот на Microsoft ја става Cortana рамо до рамо со конкуренцијата.