Gmail опцијата за паметни одговори станува сѐ поцелосна и затоа сѐ повеќе луѓе решаваат да ја употребуваат. Таа користи машинско учење за автоматско составување на одговори на мејлови кои во иднина ќе станат подобро и поопширни.
Опциите за предлог-одговори на Gmail засега се ограничени. Тие можат да изгледаат како „Ok, sounds good“ или „Thanks“ но во некои посебни случаи машинското учење може да генерира и цели реченици кои го содржат целиот одговор на мејлот кој сте го добиле.
Оваа опција, наречена Smart Reply, станува сѐ пораспространета и веќе се користи во 10% од сите одговори на Gmail, кој го користат преку милијарда корисници месечно.
Smart Reply опцијата пред да се користи на Gmail од 2017 година, беше достапна на Inbox апликацијата од 2015 година. Во апликацијата Inbox таа опфаќаше скоро 12% од сите одговори, но таа немаше толку голем број на корисници како Gmail.
Корисниците на Gmail имаат слобода да одберат дали сакаат да ја вклучат или исклучат опцијата Smart Reply.
Извор: B92.net
Поврзани артикли