YouTube најпосле ќе ја укине функцијата “Annotations”, односно текстуалните пораки и прозорци, во кои креаторите ги рекламираа своите други видео клипови и кои се појавуваа не само на крајот, туку и на средина на видеото и кога тоа ќе го посакаше некој од креаторите на содржините.

Некогаш тоа беше OK да го видиме, но во поголем дел од случаите не е, така што не ни е жал што оваа опција, која веќе некое време е “на пауза”, сега всушност е укината.

Од јануари 2019. година, “Annotation” ќе биде пензиониран, а сите досегашни пораки испишани на видео снимките, на тој начин ќе исчезнат заедно со стартувањето на пензијата. Го чекаме 15. јануари за YouTube да стане уште подобро место.