Најпопуларниот сервис за допишување WhatsApp, што го користат повеќе од милијарда луѓе, набргу би можел да стане недостапен за милиони корисници поради новата верзија за ажурирање.

„Најновата верзија за ажурирање ќе ја отстрани поддршката за постарите мобилни телефони, што се очекува најмногу да има влијание кај сопствениците на iPhone 4 и постарите модели што користат оперативен систем iOS 7.

Она што засега е добра вест е дека промената ќе се случи дури во февруари 2020 година, што ќе им овозможи на сопствениците на постари модели на iPhone да си ги заменат телефоните за понови модели.