Кинескиот гигант Huawei веќе почна интензивно да го „напаѓа“ пазарот на телевизори. Според информациите кои се проширија на интернет страните кои ги следат технолошките новитети, Huawei во најскоро реме ќе лансира телевизор со 8K и вграден 5G модем.

За новата амбициозна цел, Huawei веќе формирал тим од специјалисти кои го развиваат хардверот и корисничкиот интерфејс на идните телевизори на кинескиот бренд. Покрај тоа, ТВ одделот на Huawei регрутира се повеќе специјалисти и одржува контакти со најголемите провајдери на телевизиски панели. За разлика од Xiaomi, кој излезе на телевизискиот пазар со повеќе достапни модели, Huawei ќе се фокусира на премиум моделите.

Познато е дека Huawei поседува голем број на 5G патенти. Компанијата ветува ниски трошоци за лиценцирање за својата 5G технологија.