Се појавија прелиминиарни спецификации Huawei Мате 30 Pro телефонот. Со оглед на тоа дека се работи за прв и ран увид во телефонот, протечените карактеристики потребно е да се земат со доза на резерва. Според наводите на индустриските извори, Huawei Mate 30 Pro ќе има бројни подобрувања во однос на своите претходници Mate 20 Pro и P30 Pro. Се очекува дека Mate 30 Pro ќе користи 6.71-инчен AMOLED екран, кој го произведува BOE и под кој е вграден сензор за отпечатоци од прсти.

На задната страна ќе се најдат четири камери, а се очекува дека ќе постојат некои варијации на актуелните регуларни, ултрашироки, телефоното и 3D ToF сензори. Засега нема конечни информации за тоа дали зум камерата ќе има перископ или не.

Батеријата со капацитет од 4200mAh ќе има 55W брзо полнење преку кабел, како и поддршка за безжично полнење и обратно безжично полнење до 10W (моментно, смартфоните на Huawei можат обратно да ги полнат другите уреди до 5W).

Huawei svojata Mate серија обично ја објавува во текот на октомври, така што не очекуваат уште пет месеци гласини и протечени информации за смартфонот.