Очигледно, Twitter работи на нов план кој ќе и овозможи на платформата да монетизира содржина.

Твитер експериментира со валута во апликација наречена „coins“ која треба да им помогне на креаторите да заработат повеќе на сервисот.

Новата функција беше забележана од Џејн Манчун Вонг, истражувачка на апликации која често објавува информации за функциите што допрва треба да бидат објавени.

Според нејзините објави, „coins“ ќе бидат продолжение на веќе постоечката функција за награди и давање бакшиш што ја има Твитер. Во моментов нема информации за тоа какви се плановите на Twitter за coins, ниту кога функцијата ќе започне.

Беше забележана и опција „Awarsd“, која им овозможува на корисниците да ги користат споменатите монети за купувања во апликација. Монетите се поделени во категории, а не се знае која ќе биде цената за една монета.

Засега, Илон Маск не се огласил за функциите „coins“ или „Awards“, но често споменувал дека сака повеќе начини за креаторите на содржини на Твитер да бидат наградени.