Во време кога социјалните медиуми за најголем дел од луѓето станаа битен дел од секојдневието, тешко е луѓето со помош на апликации и селфи филтри да се прикажат поатрактивни отколку што се. Само неколку потези и апликацијата на вашиот паметен телефон ќе ги отстрани акните, ќе ви го поправи тенот, зголеми очите, ќе ви го намали носот или ќе ви го стесни лицето…

 

Доктори од Медицинскиот факултет на Универзитетот Бостон велат дека дигитално подобрените фотографии може да имаат контра-ефект, односно луѓето да ги направат несигурни, па дури и да доведат до проблеми со нивната самодоверба.

Во напис објавен во стручното списание Jama Facial Plastic Surgery докторите предупредуваат дека перцепцијата на убавината глобално е изменета, затоа што секој може дигитално да ја промени сопствената фотографија.

„Поради селфи фотографиите поправени со филтри, луѓето можат да загубат контакт со реалноста, затоа што за себе создаваат слика дека се совршени, во согласност со очекувањата на другите“, вели д-р. Нилам Ваши од бостонскиот универзитет. Според податоците кои ги имаат за пластичните хирурзи, 55 проценти од хирурзите велат дека пациентите од неодамна повеќе бараат операции кои ќе им овозможат да изгледаат подобро на селфи фотографиите. Во 2015. година, 42 проценти од хирурзите го изјавиле истото.

Докторите велат дека пациентите повеќе не бараат козметички или оперативни зафати со помош на кои ќе наликуваат на омилентата филмска ѕвезда, туку сакаат да станат подобри верзии на самите себе, најчесто со пополни усни, пократки носови или поголеми очи.

Ваши и колегите сметаат дека филтрираните фотографии кај некои корисници на социјалните мрежи можат да влијаат на самодовербата, а во екстремни случаи да резултираат со десморфно телесно пореметување – опсесивна опседнатост со замислена или помала естетска мана која предизвикува голема вознемиреност или го попречува социјалниот и професионалниот живот или некоја друга активност. Ова пореметување најчесто почнува во текот на адолесценцијата и се појавува и кај машкиот и кај женскиот пол.

Моментно не е познато колку луѓе го имаат ова пореметување, но се чини дека бројот е прилично голем. Како што велат докторите, луѓето или не се јавуваат кај своите доктори или пореметувањето е заведено како депресивна состојба со цел да се заштити приватноста на пациентот. Освен тоа, многу малку доктори се запознаени со ова пореметување, о критериумите за негово дијагностицирање, како и дека треба да се преземат соодветни чекори и во јавноста да се објават што е можно повеќе информации.

Извор: Tportal.hr