Јапонската менувачница на криптовалути CoinCheck беше хакирана и украдена е рекордна сума на виртуелни пари.

CoinCheck, една од најпопуларните и најголемите менувачници на криптовалути, престана со тргување за своите клиенти и набрзо потоа стигна веста дека била хакирана.

Веднаш беше одржана прес-конференција на која челниците на компанијата ги потврдија најцрните сомнежи – менувачницата била нападната и украдени се 500 милиони NEM коини со кои се тргувало кај неа.

Пазарната вредност на украдената криптовалута изнесува околу 533 милиони долари.

Сосема очекувано, цената на NEM коинот по соопштувањето на веста падна за 20%,

Ова е најголемата кражба на криптовалути во историјата на тргувањето со виртуелни валути. Втора по ред е кражбата на биткоини во вредност од 340 милиони долари од Mt. Gox.

Од CoinCheck велат дека истрагата е во тек и дека менувачницата наскоро ќе продолжи со работа.

Иако овој настан не е поврзан со биткоин, вредноста на „дигиталното злато“ во моментов повторно паѓа и се спушти на 10.000 долари.