Vivo X30 телефонот се очекува следниот месец, а сега имаме прв увид во задната страна на уредот, благодарение на официјалниот видео тизер за овој модел. Видеото открива вертикален систем на камери во горниот лев агол на задната страна, како и складен градиент дизајн.

Потврдено е дека камерата ќе нуди 16mm до 135mm фокусна должина и F/1.8 до F/3.0 отвори на блендата. Ова потврдува дека Vivo X30 има ултра-широкоаголна камера и долг F/3.0 телефото режим.

Vivo X30 би требало да биде и прв телефон со Samsung Exynos 980 чипсет, кој има интегриран 5G модем. Телефонот ќе може да работи и под самостојни и несамостојни мрежи, но се очекува дека компанијата ќе понуди и модел кој нема 5G поддршка, кој би требало да биде буџетска опција на Vivo X30 телефонот.