Android O developer preview веќе некое време им е достаоен на оние кои сакаат да ја испробаат претстојната верзија на мобилниот оперативен систем на Google. Она што не беше јасно е која верзија ќе ја претставува Android O. Логиката сугерираше премин од 7.0 на 8.0, но во минатото Google не одеше во потполност во овој правец (на пример Android 4.4 KitKat).

Меѓутоа, сега изгледа е официјално потврдено дека Android O ќе биде верзија 8.0, како што покажува и скриншотот. Засега, не е јасно на што се однесува „О“ во името, иако најпопуларен предлог е „Орео“. Можно е Google да се одлучи за нешто повеќе генерички, за да не мора да склопува нови договори, како што тоа беше случај со KitKat.

Објавата на Android O верзијата е исто така непознаница, но можно е дека ќе се појави порано отколку што е очекувано. Најновите извештаи сугерираат дека Android О на Pixel уредите би можел да се појави веќе во август, што е порано отколку што Android 7.0 Nougat се појави на Nexus телефоните.

ИЗВОР: Ubergizmo