Компанијата Doogee го објави својот гејмерскиот паметен телефон – S70. Новиот модел има специјален заштитен слој кој обезбедува потполна заштита од вода и е специјално фокусиран кон оние кои долго време поминуваат играјќи игри на смартфонот.

Производителот се погрижи да направи моќен модел со процесор Helio P23, батерија од 5500 mAh и напреден систем за ладење. Doogee S70 е опремен со осум-јадрен процесор MediaTek Helio P23 со графички забрзувач Mali-G71 MP2, со поддршка за брзо полнење, NFC модул за безконтактно плаќање и др. Тој, исто така, има и двојна главна камера и скенер за отпечатоци, кој се наоѓа на задната страна. Уредот има добиено сертификат IP68/69k и MIL-STD-810G за заштита.