Еден профил на Instagram треба да има најмалку 3.000 „следбеници“ за да може сопственикот на профилот да почне да заработува пари од него.

Тоа го тврди Џорџи Кавана, оновачот на интернет-пазарот Tribe за т.н. влијателни корисници на социјалните мрежи, или познати како инфлуенсери. На својата платформа тој застапува повеќе од 20.000 инфлуенсери кои ги поврзува со брендовите што се заинтересирани за соработка со нив.

Според него, соодносот на број на следачи на одреден профил на Instagram со заработката по пост (објава) изгледа вака:

  • 3.000 – 10.000 следачи= 150 долари по пост
  • 10.000 – 25.000 следачи= 150-220 долари по пост
  • 25.000 – 50.000 следачи= 220-350 долари по пост
  • 50.000 – 100.000 следачи= 350-500 долари по пост
  • 100.000 и повеќе следачи=над 500 долари по пост

Оние корисници на Instagram кои работат со посредство на Tribe заработуваат околу 1.000 долари месечно.

Меѓутоа, оние креатори на содржини чии профили ги следат повеќе од 100.000 луѓе, може да заработат далеку повеќе од тоа.

Благодарение на „влијателните“, брендовите имаат прилика да „допрат“ до 20 пати повеќе потрошувачи, бидејќи сега им го плаќаат истиот износ на повеќе „амбасадори на брендот“ што порано го плаќаа за една „влијателна ѕвезда“.

Каван вели дека порано брендовите се фокусирале на една голема ѕвезда со милиони обожаватели, а сега таргетираат повеќе помали таканаречени „инфлуенсери“ и креатори на содржини кои иако имаат помалку следачи, се сметаат за подоверливи и луѓе на кои потрошувачите им веруваат на препораката.

Извор: B92.net