Денес е 11-тиот роденден на хаштагот, а за да се одбележи овој ден, Твитер повика тој да се прогласи за меѓународен ден на хаштагот – #HashtagDay.
Хаштагот на твитер беше “роден“ на 23 август 2007 година. За последните 11 години тој еволуираше на начин што корисникот категоризира или “тагнува“ свој твит, до нешто што стана дел од секојдневниот говор. Менувајќи ја природата на онлајн комуникацијата, хаштагот стана еден од највлијателните симболи на дигиталното доба.
На глобално ниво, во просек на Твитер се употребуваат по 125 милиони хаштази дневно, а тие на корисниците им помагаат да видат што се случува во светот и да ги истражуваат најактуелните теми за кои се пишува и говори.