Мисиите на кометата и на природниот сателит Титан се избрани за идни мисии кои што ќе треба да ги извршуваат напредните роботи.

За двете нови мисии во рамките на својата програма “New Frontiers” која што има за цел истражување на планетите и небесните тела во Сончевиот систем, НАСА планира да ги употреби роботите и леталата кои што наликуваат на квадрикоптер.

Првата мисија под назив Dragonfly е проект во кој што на сателитот на Сатурн – Титан, ќе биде испратен летечки робот. Опремен со инструменти кои можат да идентификуваат големи органски молекули, квадрикоптерот ќе може да лета на повеќе локации оддалечени и по стотина километри за да го проучува Титан, неговата површиа, слоеви и атмосферски услови.

„Со мисијата “Dragonfly” ќе можеме да процениме колку напредува пребиотичката хемија“, изјави Елизабет Туртл, научник од Лабораторијата за применета физика “John Hopkins”.

Во втората мисија наречена “CASEAR” (Comet Astrobiology Exploration Sample Return), вселенско летало на НАСА ќе ја посети кометата “67P/Churyumov-Gerasimenko” која што од 2014-та до 2016-та година ја истражуваше Европската вселенска агенција. Леталото од површината на кометата ќе собира органски состојки и ќе ги испрати назад на Земјата каде што ќе пристигне во 2038-ма година.

Примероците од површината на оваа комета ќе вклучуваат драгоцени „нестабилни“ молекули кои што лесно можат да се претворат во гас, но се важни за разбирање на потеклото и историјата на организмите. Целта на оваа мисија е да се проучи тајната на кометата и нејзината улога во настануањето на животот на Земјата.

Програмата “New Frontiers” вклучува и мисии за проучување на Сатурн, Венера и астероидот околу Јупитер.

Извор: Точка