Роботот наречен BionicWheelBot се движи слично на пајакот кој што прави кругови, откриен во пустината Сахара.

Научниците од компанијата “Festo” направија роботски пајак кој што може да започне да се тркала како топка. Тие биле инспирирани од „специјалниот“ вид на пајак кој што бил откриен во Сахара во 2008. година. Неговиот уникатен начин на движење го прават „крстарењето“ на пајакот низ секакви терени идеално.

На рамна површина, пајакот е двојно побрз кога се тркала, додека пак на нерамен терен побрз е кога се движи нормално. Благодарение на ова, пајакот може да се прилагоди на секакви терени и да се движи прилично брзо.

Токму како овој пајак, така и BionicWheelBot може да го прилагоди својот начин на движење во зависност од теренот. Погледнете како изгледа тоа.

Извор: net.hr