Samsung и Apple сакаат да се натпреваруваат во тоа чиј уред ќе биде подобар и попопуларен кај корисниците, а тоа може да биде и забавно.

Ривалството помеѓу Samsung и Apple е добро познато, па затоа и не зачудува тоа што неретко некоја компанија ќе објави реклама во која што ќе ги нагласи супериорните предности на своите уреди во однос на оние од главниот конкурент.

Последните три реклами на Јужнокорејците се однесуваат на споредба помеѓу Galaxy S9 и iPhone X. Поточно, се занимаваат со изгледот на екранот („Заб“ или не), можноста на зголемување на капацитетот на меморијата со SD картички и мултитаскингот.

Како изгледаат новите реклами, можете да погледнете подолу, а ние ќе кажеме само дека темпирањето на рекламите е одлично. Имено, се појавија гласини дека претставувањето на наследникот на iPhone X ќе задоцни, а од друга страна, Samsung во август на големиот евент во Њујорк ќе го претстави новиот Galaxy Note.

Во секој случај не очекува прилично интересна есен.

Извор: Zimo.hr